Канадски пратеник се појави гол на онлајн седница на Парламентот
Член на канадскиот Парламент се појави гол на интернет-седница на Долниот дом. На снимката што стигна и до медиумите, се гледа како политичарот стои зад бирото, меѓу знамето на покраината Квебек и националното знаме на Канада, криејќи ги неговите интимни делови со мобилен телефон.
Се работи за Вилијам Ејмс од Либералната партија, кој го претставува Округот Понтијак во Квебек во Долниот дом од 2015 година.
„Тоа беше несреќна грешка! …Мојата видеокамера случајно се вклучи додека се преслекував, откако се вратив од трчање. Искрено им се извинувам на моите колеги од Долниот дом за ова ненамерно одвлекување внимание. Очигледно е дека таква грешка не треба да се случи“, вели пратеникот во својата електронска изјава потоа.
Поради корона-пандемијата, дел од канадските пратеници присуствуваат на седниците преку видеоврска. Пратеничката Клод Дебелфој од опозициската партија Блок Квебек покрена процедурално прашање во врска со инцидентот и посочи дека парламентарните правила налагаат машките пратеници да носат палто, панталони, кошула и уредно наместена вратоврска.
Претседателот на комората Ентони Рота ѝ се заблагодари на Дебелфој за нејзиното подробно „набљудување“ и опис и иако самиот тој не видел ништо, ги потсети пратениците секогаш да бидат внимателни кога се близу камера или микрофон.
Ејмс можеше да биде виден од другите пратеници и вработени во Собранието само на внатрешната видеоврска. Бидејќи тој не зеде збор, немаше вклучување во живо.
Ново на Сител
-
Зеленски вели дека Кина и доставува оружје на Русија
-
Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите кај „Млечен ресторан“
-
Странските студенти во САД масовно поднесуваат тужби против нивна депортација
-
Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје
-
Водата во Дебар, пред пиење мора да се преврива
-
Кос-Жељазков: Европската интеграција носи стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан
-
Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори
-
По повод Велигден автобусите од јавниот превоз во петок и понеделник ќе сообраќаат по неделен возен ред