-->
-->
Кандидатката на СДСМ за Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска освои најмногу гласови
-->

Во општина Старо Нагоричане во вториот круг од локалните избори влегуваат кандидатката на СДСМ, Жаклина Јовановска со освоени 49,56 отсто од гласовите и кандидатот на ТМРО, Власте Димковиќ со 26,63 отсто од гласовите. На вчерашните локални избори, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Велибор Денковски освои 20 проценти од гласовите.
Само девет гласа ја делеа Јовановска од победа во првиот круг.
Излезноста во оваа општина била 58,71 отсто од вкупен број на 3.262 избирачи.
Во советот на оваа рурална општина, СДСМ освои 39,43 проценти, ТМРО 20, ВМРО-ДПМНЕ 15.56 проценти, група избирачи Бојан Трајковски 8,62 проценти, Единствена Македонија 4,54, Левица со 3,45 и Интегра со 2,82 проценти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
