-->
-->
Капитенот Ристовски гласаше за Левандовски
-->
Лука Дончиќ со трипл-дабл, го предводеше Далас до минималната победа над Оклахома 104:102. Изминатата ноќ, блесна и Јусуф Нуркиќ со монструозен дабл-дабл, во победата на Портланд над Орландо 98:88. Поентерски блесна Девин Букер. Бекот на Финикс Санс, на Сан Антонио им испорача 48 поени.
Далас ја продолжија победничката низа и покрај тоа што се изнамачија во дуелот сон еден од најлошите тимови во лигата. На крајот славеа со два поени разлика. Дончиќ го предводеше тимот со 20 поени, 11 скокови и 12 асистенции.
Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ, го одигра најдобриот меч оваа сезона. Во Орландо, Портланд победија 98:88, а Нуркиќ имаше чинок од 22 поени и 21 скок.
Лидерот во лигата, Финис Санс победи во Сан Антонио со 121:107. Спарс немаа решение за Девин Букер кој им уфрли 48 поени.
Во дербито, ЛА Лејкерс славеа во дуелот со Јута Џез 101:95.Лејкерси, одиграа речиси совршена одбрана во последната четвртина, во која влегоа со минус од шест поени. Леброн Џејмс ги предводеше Лејкерси со 25 поени, кај Јута Руди Гобер имаше 17 поени и 16 скока.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови