Карабао куп: Дерби го елиминира Јунајтед
На проблемите на Жозе Мурињо и на Манчестер јунајтед им нема крај. Откако денеска се појавија вести за нов конфликт на Мурињо со Пол Погба (кој не беше во составот), второлигашот Дерби каунти ги елиминираше од Карабао купот по драматични 90 минути и дури осум серии пенали на „Олд Трафорд“.
А сѐ започна како што посакуваа „ѓаволите“ – Хуан Мата уште во третата минута доби одлична топка од Џеси Лингард и донесе водство од 1:0. Меѓутоа, Дерби, под водство на тренерот Френк Лампард во второто полувреме успеаја да направат целосен пресврт.
Хери Вилсон во 59. минута постигна апсолутно невозможен гол од слободен удар, а Јунајтед остана со играч помалку откако голманот Серхио Ромеро интервенираше со рака надвор од шестнаесетникот во 67. минута. Кога се мислеше дека ќе се оди на пенали и Јунајтед некако ќе ја спаси честа, Џек Мериот во 85. минута го совлада ветеранот на голот Ли Грент за Дерби да дојдат на работ до славна победа.
Меѓутоа, „џокерот“ на Мурињо, Маруан Фелаини во 94. минута доби одлична топка од младиот Диого Далот за да ја „зачука“ во голот и да примора пенали.
Во пенал-серијата, двата тима беа прецизни до осмата серија, кога Фил Џонс не успеа за Јунајтед упатувајќи катастрофален обид кој беше одбранет, за победа за сеќавање на Дерби!
КАРАБАО КУП, 1/16 ФИНАЛЕ
Блекпул – КПР 2:0
Бурнемаут – Блекбурн 3:2
Бартон – Барнли 2:1
Милвол – Фулам 1:3
Оксфорд јунајтед – Манчестер сити 0:3
Престон – Милдзборо 2:3 на пенали
Вулверхемптон – Лестер 0:1
Вајкомб – Норич 3:4
Манчестер јунајтед – Дерби каунти 2:2, 7:8 на пенали
ВБА – Кристал палас 0:3
Ново на Сител
-
Зоран Љутков ја презеде функцијата министер за култура, најавува макотрпна работа и инвестиции
-
Претседателот на Уставниот суд во МВР пријави закани по животот и безбедноста врз уставни судии
-
Од 1 јули Грција воведува 6-дневна работна недела!
-
Јаневска ја презеде функцијата министер за образование и наука, најавува промени креирани врз база на темелна анализа
-
Златко Перински ја презеде функцијата министер за локална самоуправа
-
Прегазен 80 годишен пензионер во Битола
-
На „Табановце“ за влез во земјава се чека до 30 минути
-
Апсење на Средно Водно, скопјани фатени со дрога