Каракачанов: Ако го потпише анексот од 12 точки Македонија има шанси да добие датум за преговори во јануари или февруари
Република Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпише анексот од 12 точки што го доставивме, рече вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов во интервју за бугарската ТВ Нова.
Според него, Република Македонија имала шанса да одреди датум за преговори уште во ноември минатата година, но не сакала да го искористи тоа.
– Бугарија не стави вето, таа едноставно рече дека не се подготвени за датум за преговори, рече Каракачанов.
Според него, Бугарија е „за“ проширување на ЕУ на Западен Балкан, но загрижува говорот на омразата против сè што е бугарско.
– Омразата се заснова на грубо и гнасно фалсификување на историјата, вели Каракачанов.
Тој, денеска, пак во гостување во неделната програма „Беновска пита“ на Радио К2, најави дека следната недела на средби во Софија оди специјалниот претставик на Владата за Бугарија, Владо Бучковски.
-Вистина е, разговаравме со господинот Бучковски, следната недела тој во улога на главен преговарач или медијатор, ќе биде во Бугарија. Сè уште не сме го закажале состанокот, но дали ќе биде вторник или среда, некаде таму, рече Каракачанов.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата