-->
-->
Караван на европскиот првак Иџе низ Македонија
-->
Двократниот европски првак во автомобилизам Игор Иџе Стефановски го започна својот караван „Шампионот обединува насмевка, живот и едукација“ во Домот на културата во Прилеп. Иџе младите прилепчани ги посоветува околу безбедност во сообраќајот и ги мотивира да се занимаваат со спорт, да ја почитуваат фер играта, да бидат истрајни во тренинзите и внимателни во сообраќајот.
Караванот на „летечкиот македонец“ е збогатен со оргиналното возило на шампионот, картинг и симулатор од неговата виртуелна тркачка академија „Стефановски“.
Стефановски посади и пет садници како свој допринос за почист воздух во градот Прилеп.
Како што информира „Стефановски Рејсинг Тим“, покрај Иџе, повеќе гости дале свој придонес на караванот, меѓу кои и наш сограѓанин со својата трогателна исповест за доживеана сообраќајна несреќа од која останал во инвалидска количка.
Караванот денеска во 12 часот ќе биде во спортската сала во Битола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници
-
Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае
-
Лани над еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица