Карпош ќе субвенционира енергетски ефикасни фасади, санација на покриви и лифтови
Општина Карпош ги објави јавните повици за субвенционирање енергетски ефикасни фасади, санација на покриви и постојните лифтови на станбени згради.
За субвенционирањето обнова на фасадите, поддршката од буџетот на Карпош ќе биде 30 проценти, но не повеќе од 600.000 денари од вкупниот износ на вредноста на инвестицијата.
За санација на покриви, финансиската поддршка, исто така, ќе биде 30 отсто, не не повеќе од 150.000 денари, додека за санација на постоечки лифтови ќе се субвенционира максимум до 200.000 денари.
Право на учество на јавните повици имаат сите заедници на сопственици или управители на станбени згради за колективното домување во Општина Карпош кои се евидентирани во регистарот на станбени згради во Општината како заедници на сопственици или управители.
– Локалната самоуправа го промени начинот на субвенционирање на ваков тип реконструкции и постапи по препораките од Државниот завод за ревизија. Средствата за субвенционирањето на реконструкција на фасади, покриви и постоечки лифтови се предвидени во Буџетот за 2020 година, а јавните повици се објавени на огласната табла на официјалната веб страна www.karpos.gov.mk, соопшти Општина Карпош.
Повеќе информации за условите се содржани во Јавниот повик за субвенционирање на енергетски ефикасни фасади и во Јавниот повик за санација на покриви и постојните лифтови.
Ново на Сител
-
Зеленски повика на инвестиции во украинската одбранбена индустрија
-
Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност
-
Пентагон соопшти дека почнала изградбата на привремено пристаниште во Појасот Газа
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи