Картер: Русија е еден од главните стратешки предизвици за САД
САД сметаат дека Русија е еден од главните стратешки предизвици за нивната национална безбедност, изјави денеска американскиот министер за одбрана Ештон Картер, јави ТАСС.
- Ние се придржуваме кон цврст и балансиран пристап за руската агресија во Европа, изјави Картер на сослушувањето во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во врска со воениот буџет на САД за следната финансиска година.
Според него, нацрт-буџетот во износ од 582,7 милијарди долари бил подготвен со оглед на ситуацијата на глобален план, која во последно време „значително се променила“.
Според него, при разработување на документот биле земени предвид „пет основни предизвици: Русија, Кина, Северна Кореја, Иран и меѓународниот тероризам“.
Тој потсети дека за 2017 година САД планираат да одделат 3,4 милијарди долари за помош на сојузниците од НАТО во Европа.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благица Петрески, Фајнанс Тинк
-
„Марш за ангелите“ во Кочани
-
„Марш за ангелите“ во Кочани
-
Пациентите од трагедијата во Кочани, во втора и трета фаза ќе се лекуваат во штипска Клиничка
-
Безбедносната состојба во справување со пожари неповолна
-
Мицкоски: Потребен е механизам за спречување блокади на билатерална основа
-
Дисциплинска постапка за двајцата полицајци кои лажно тврделе дека возилото „Порше“ е службено
-
Вол Стрит загуби пет трилиони долари, Трамп вели - „Падот на акциите оди многу добро“