Касами: Бараме инвестиции за младите да бидат вработени и да имаат иднина во родниот крај
Кандидатот за градоначалник на Тетово и претседател на Движење Беса, Билал Касами информираше дека при посета на производствен капацитет наишол на голема подготвеност на сопствениците за инвестирање во нов објект во Тетово.
– Ги разгледуваме можностите за инвестиции во Тетово со цел младите да бидат вработени и да имаат иднина во својот роден крај.Jа посетив компанијата Пестова, еден моќен преработувачки капацитет на земјоделски прозводи, која изрази подготвеност да ивестира и во Тетово, каде се очекува да се отворат околу 60 нови работни места, потенцира Билал Касами.
Во рамки на предизборните активности тој вчера ги посети и изборите штабови Порој, Џепчиште, Дреновец, Миѓени, Центар и Горна Чаршија.
-Изборните штабови и натаму продолжуват да работат без престан за големата победа на 31 октомври, рече Билал Касами.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели