Kасами: Инсистираме да имаме еден термин за претседателски и парламентарни избори
Постојаните повици на опозицијата за предвремени избори се прифатливи за опозицијата во албанскиот политички кампус, порача денеска од Тетово претседателот на Движење Беса, Биљал Касами, одговарајќи на новинарско прашање.
- Здружената албанска опозиција е веќе консолидирана и подготвена на следните парламентарни избори дали редовни или вонредни да победи. Но, сè што е во правец на организирање на фер, демократски и прифатливи избори за сите граѓани ние сме подготвени да учествуваме. Во тој правец ние повикуваме што побрзо Владата да рефлектира, да повика средба на лидерите на политичките партии за да се договориме за терминот на предвремените парламентарни избори.
Според него, економски поисплатливо е да има заедно и парламентарни и претседателски избори.
- Имајќи ја предвид ситуацијата економска во државата и трошоците кои се за организирање на изборите, ние инсистираме да имаме еден термин за претседателски и парламентарни избори со тоа што и редовниот термин е многу близок и цениме дека не треба да се направат дополнителни трошоци само за да парламентарните избори бидат три месеци покасно, истакна Касами.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
