Касами како неосновани ги оцени обвинувањата од ДУИ за политички притисок во тетовско училиште

Како неосновани обвинувања ги оцени тетовскиот градоначалник Биљал Касами денешните забелешки од ДУИ, чија советничка група преку прес-конференција утринава го обвинија градоначалникот и општината за притисоци во основно училиште.
Според тврдењата на советниците од ДУИ, директор поднел оставка поради политички притисок од претставници на Општина Тетово.
По прес-конференцијата на ДУИ, Касами одговори на обвинувањата по настанот за промоција на завршен проект во месноста Бањиче
- Да имаа основа да постапат согласно тоа што го кажуваат, тие досега ќе постапеа. Имајќи предвид дека во друга ситуација со гимназијата иако немаа основ, само затоа што имаа некоја закачка, ако можам така да кажам, тие постапија и против законски и ги зедоа ингеренциите на градоначалникот. Во овој случај да има и најмала можност да постапат за одземање на ингеренции веќе ќе ми ги земеа ингеренциите, изјави Биљал Касами.
Обвинувања од Општина Тетово кон централната власт имаше и вчера на тема образование. Раководителот на општинскиот сектор за јавни дејности Назми Даути заедно со дел од раководителите на основните училишта ја обвини централната власт дека ги намалува средствата за тетовските основни училишта.
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
