Касами пушти во употреба улица во Тетово само со албански знамиња | ФОТО
Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами ја пушти во употреба реконструираната улица „Радован Цониќ“, познатат како „Улица на бутиците“. Станува збор за улица со должина од 400 метри, каде наместо бетонски плочки беше поставена калдрама, нови клупи, канделабри и млади дрвца. Се работеше и на нова канализација и подземна инфраструктура за поставување на кабли.
-Поважно од тоа што промовираме уште еден инфраструктурен проект е тоа што овој проект, ја враќа автентичноста на Тетово, културните вредности што ги имаше Тетово во минатото. Оваа улица е поплочена со калдрма, која е позната во минатото на град Тетово, која за жал во неконтролираниот раст на градот во последните 30 години се изгуби тој поглед и тоа што беше лик на Тетово. Затоа сме среќни што промовираме таков проект во центарот на Тетово, многу важна улица за економијата, се надеваме дека со оваа инвестиција ќе се врати таа динамика на овој дел од градот. Инвестиција заедничка финансирана од европските фондови, меѓудржавна соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Косово, поконкретно помеѓу градовите Тетово и Призрен, изјави Касами.
Дел од церемонијата беше сечење на црвена лента од страна на Касами придружуван од деца со албански народни носии, а на улицата имаше само знамиња на Албанија, без државното знаме.
Касами одговори на новинарското прашање зошто нема македонско знаме и македонски носии.
-Добра забелешка, во друг случај, во друга ситуација ќе го имаме, рече Биљал Касами.
Улицата „Радован Цониќ“ се протега од зад Основен суд до Музеј на тетовски крај (Меморијален музеј на народен херој Ѓоце Стојчевски-Амбарче) и ќе биде биде пешачка зона и нема да се дозволува сообраќај во текот на денот.
Ново на Сител
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец