-->
-->
Касилјас пред нов рекорд!
-->

Шпанскиот репрезентативен голман, Икер Касиљас, се наоѓа на чекор до поставување на нов рекорд во репрезентативниот фудбал, откако на пријателскиот меч помеѓу Романија и Шпанија (0:0) по 166-ти пат го бранеше голот на „црвената фурија“.
Легендата на шпанскиот фудбал на мечот во Клуж го израмни рекордот на некогашниот репрезентативец на Летонија, Виталијс Астафјевс, објави Европската фудбалска унија (УЕФА).
Касиљас во шпанскиот национален тим дебитирал на 3.јуни 2000 година, на натпреварот против Шведска во Гетеборг. Тој со Шпанија има две европски (2008, 2012) и една светска титула (2010).
Единствен од активните фудбалери кој може да го нападне рекордот на Касиљас е италијанската голманска легенда Џиџи Буфон кој има 155 настапи за „азурите“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
-

Состојба со пожарите
-

Панел дискусија: 8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци на Вила Водно
-

Музички спектакл за Денот на независноста: Дејвид Гета доаѓа во Скопје
