Кастро: Не ги провоцирајте нуклеарните сили Русија и Кина
Поранешниот кубански лидер Фидел Кастро ја предупреди вчера меѓународната заедница да не им упатува провокации на Русија и Кина, кои можат да ги поттикат овие две земји да употребат нуклеарно оружје.
- Големите сили, како што се Русија и Кина, не смеат да бидат изложени на закани, кои ќе ги принудат да употребат нуклеарно оружје, порача Кастро во авторскиот текст, кој вчера, по повод неговиот роденден, беше објавен во весникот „Гранма“.
- Народите на Русија и Кина се одликуваат со голема храброст и интелегенција, додаде некогашниот лидер на Кубанската револуција, кој во написот исто така го критикуваше стариот непријател САД.
Кастро вчера наполни 90 години. Од сите функции официјално се повлече во 2008 година, откако тешко се разболе, а власта му ја предаде на неговиот брат Раул.
Ново на Сител
-
Освен физичко обезбедување на Центрите, УПОЗ бара и обезбедување на социјалните работници на терен
-
5 години дел од НАТО – членството на Македонија донесе стабилност и оптимизам во регионот
-
Политичарите најчесто шират содржини со штетни наративи
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Дел од повредените пациенти се враќаат дома