-->
-->
Каталонците добија лекција од Алавез
-->

Фудбалерите на Алавес приредија една од најголемите сензации оваа година, откако во последниот меч од саботната програма, славеа во Барселона со 1-2. Алавес кој по долга пауза се врати во Примера, ја забележа првата победа, откако во почетните две кола ремизираше, додека Барса го претрпе првиот пораз.
Алавес одигра херојски меч на „Камп Ноу“ и покажа дека ремито во Мадрид, против Атлетико, во првото коло не е плод на случајност. Дејверсон го постигна првиот гол во 39.минута, израмни Матје на самиот почеток од второто полувреме, а конечните 1-2 ги постави Ибаи во 64.минута.
Инаку тренерот на Барселона, Луис Енрике, поради репрезентативните настапи, за овој меч реши да го „измеша“ составот, на клупата ги остави Меси, Луис Суарез, Алба и Иниеста, па тука и треба да ги бара причините за поразот.
Претходно Атлетико го отвори колото со убедлив триумф во Виго над Селат од 4-0, Реал лесно ја совлада Осасуна со 5-2, Севилја во периодот од 90-та до 95-та минута постигна два гола и го совлада Лас Палмас со 2-1, а Виљареал триумфираше во Малага со 2-0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
