-->
-->
Каталонското дерби за Меси
-->

Фудбалерите на Барселона го совладаа градскиот ривал Еспањол 4:1, во последниот натпревар од 16.коло во Ла Лига.
Барселона го скрши Еспањол во првото полувреме кога вистинско шоу имаше Лионел Меси.
Додавањето на Иниеста за Луис Суарез беше моментот кога Барса го постигна првиот гол.
Во вториот гол Меси му асистираше најпрвин на Жорди Алба, а потоа и на Луис Суарез за 3:0. Лопес во 79.минута го постигна почесниот за Еспањол, а точка на мечот стави најдобриот играч на Барслеона, Меси во последната минута.
Барселона по оваа победа му се доближи на Реал на три бода, но лидерот има натпревар помалку. Во наредното коло Барселона ќе гостува на „Ел Мадригал“ кај Виљареал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Путин преку телефон му кажал на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа
-

Уапсени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без возачка дозвола
-

Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата
-

Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
