Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу

Македонската репрезентативка Катерина Ацевска постигна денеска голем успех на сениорското Светско првенство во џиу – џицу кое се одржува Абу Даби, освојувајќи го сребрениот медал.
Со вицешампионската титула, Ацевска се искачи скала погоре на пиедесталот, во споредба со минатото Светско првенство во Тајланд и се зацврсти на првото место на светската ранг-листа во својата категорија над 70 килограми во џиу – џицу фајтинг.
Ацевска на патот до финале претрпе стартен пораз од Русинката Алина Сударикова, по што триумфираше над Хулан Батбатар од Монголија и Есра Делал Озтек од Турција, а во борбата за златниот медал загуби минимално со 16-17 од Црногорката Јелена Вукчевиќ.
„Фала му на Бога успеавме. Доживеавме мала повреда во борбата со противничката од Монголија, но за среќа не беше сериозна. Катерина беше на нивото на својата задача. Останува да ги анализираме борбите, посебно двете загубени. Утре ќе можам пред Федерацијата да дадам целосен преглед на сите борби“, истакна селекторот Александар Ацевски во кратката изјава за официјалниот сајт на Македонската џиу – џицу федерација.
МИА
Ново на Сител
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
-

Состојба со пожарите
-

Панел дискусија: 8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци на Вила Водно
-

Музички спектакл за Денот на независноста: Дејвид Гета доаѓа во Скопје
-

Болеста меѓу овците се шири вакцините се уште ги нема
-

СДСМ бара проширување на истрагата за возачот на Јанушев
