Кавадарци го откажа организираниот дочек на Нова година

Кавадарци го откажува организираниот дочек на Нова година, финансиските средства кои беа предвидени за таа намена во висина меѓу три и пет илјади евра, ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Како што информира кавадаречкиот градоначалник Александар Панов, со планираните средства требаше да се покријат трошоците за настапот на Ристо Самарџиев и Тајфата на Димо Дулот, огномет и слично.
-На наредната седница Советот на општината треба да одлучи за која хуманитарна намена ке бидат насочени овие средства. Размислуваме и средствата планирани за новогодишниот коктел во Собранието да се пренаменат во хуманитарни цели, вели денеска Панов.
Останува сепак на градскиот плоштад во Кавадарци да се одржат традиционалниот „Базар“ ,културно забавната програма која ја прават децата од сите училишта, настапите на учесниците на Фестивалот „Гроздоберче“, детските претстави и слични манифестации, со што нема да исчезене духот на прославата за Нова година.
Ново на Сител
-

Димитриевски: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме
-

Русија одговори на заканите на Зеленски: Ќе напаѓаме уште посилно во Киев и другите градови
-

Зеленски: Украина е подготвена за технички преговори со САД и Русија
-

Татко и син убиени во лов во Норвешка, напаѓачот уапсен
-

Мерц го повика Путин да ја прекине „бесмислената војна“ против Украина
-

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка
-

Пожар во стан во Скопје, поради вдишување чад еден пожарникар бил пренесен во болница
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 12 возачи, деветмина управувале возило без положен возачки испит
