Кавадарци одбележа 25 години од загинувањето на Сашко Гешовски

Во Кавадарци денеска беа одбележани 25 години од смртта на Сашко Гешовски, првата жртва што Македонија ја даде при распадот на поранешна Југославија.
Гешовски загина во Сплит 1991 година на 20-годишна возраст, како војник. На неговото вечно почивалиште цвеќе положија претставници на АРМ гарнизон Криволак, борците од НОБ и граѓани.
Сочувство до семејството изрази и градоначалникот Александар Панов.
- Респект и поклонение пред оваа жртва и симболика на распадот на Југославија. Секогаш ваквите настани и настаните кои следеа по загинувањето на Сашко, треба да бидат поука за да не се повторат. Уште пред некое време посакав Македонија и Кавадарци да не бидат во средината на интересите на поголемите сили. Истото тоа го препорачувам и сега, Кавадарци и Македонија да стојат што понастрана од глобалните интереси и Македонија да не биде предмет на интересирање за каква било алчност на некоја од големите сили. Се надевам дека и ние како Македонци ги извлековме историските поуки, како од распадот на Југославија, така и од претходниот период, рече Панов.
Градоначалникот изрази надеж дека ќе се извлечат поуки од ваквите настани, за да не се прават слични грешки.
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
