Казахстан ја укина смртната казна
Казахстан ја укина смртната казна, објавено е на сајтот на шефот на државата Касим Жомарт Токајев. Во соопштението се наведува дека казахстанскиот претседател ја потпишал ратификацијата на Парламентот на Вториот факултативен протокол на Меѓународниот пакт за цивилни и политички права.
Како што се објаснува, станува збор за документ кој ги обврзува потписниците да ја укинат смртната казна. Извршувањето смртна казна во Казахстан е прекинато во 2003 година, но судовите продолжија да ја изрекуваат најтешката пресуда во исклучителни околности, меѓу кои злосторства кои се сметаат за тероризам.
Еден од осудениците на смртна казна е и Руслан Кулекбајев, кој уби осум полицајци и двајца цивили во 2016 година во градот Алмати. Тој сега ќе служи доживотна казна затвор.
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари