„Кажи не!“- Кампања за зголемување на свеста за опасностите од споделување фото и видео материјали на Интернет
МВР во соработка со Европол и полицијата на Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, започна меѓународна кампања „Кажи не!“
– „Кажи не!“. Сексуалната злоупотреба на деца на Интернет остава далекусежни последици врз жртвата, која мора да живее со сознанието дека фотографиите и видеата добиени преку злоупотреба на довербата може да се шират на интернет во секое време и да бидат достапни за секого. Затоа, во соработка со полициите во регионот и Европол, се спроведува кампања чија цел е да им се укаже на децата и младите на опасностите и последиците што можат да произлезат од комуникацијата со странци на интернет, наведуваат од МВР.
Според Европол, за време на епидемијата, побарувачката за снимки од сексуална злоупотреба на деца се зголемила за 25 проценти во некои земји- членки на ЕУ. За време на епидемијата, повеќето луѓе ја зголемиле комуникацијата преку интернет, и како резултат на тоа, и криминалците се прилагодиле на новиот начин на живот.
Сексуалната злоупотреба може да се случи уште побрзо преку интернет, бидејќи, стои во соопштението, сторителите брзо и анонимно пристапуваат до децата и младите преку каналите за разговор, веб -страниците и социјалните мрежи.
– Сексуалната злоупотреба на деца е сериозно кривично дело што има далекусежни последици за жртвата, така што борбата против сексуалната злоупотреба на деца е приоритет и за нашата држава и за Европската унија .Затоа, во соработка со Европол и полициите на повеќе балкански земји сакаме да ја подигнеме свеста и да спречиме вакви криминални дела, порачуваат од МВР.цр/са/
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски разговарал со генералниот секретар на НАТО Марк Руте
-
Повеќето од починатите, загинале во стампедото
-
Три лица со изгореници од пожарот во Кочани ќе бидат пренесени во болница во Солун
-
ЈП „Градски паркинг“ денеска нема да наплатува паркинг на Клинички центар и другите болници
-
Почина тапанарот од групата ДНК , Горги Горгиев
-
Муцунски: Нема зборови за утеха за оваа трагедија, повеќе држави понудија помош
-
Полицаец на должност загина во пожарот во дискотеката во Кочани
-
Уставен суд: Не постојат соодветни зборови кои ќе ја намалат тагата, во овие тешки и траорни моменти