Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје информира дека поднело предлог за парична казна од 2000 евра за 33-годишен охриѓанец поради непочитување на полицискиот час.
Тој на 11 јуни бил затекнат од полицијата како се движи низ Скопје во време кога движењето беше ограничено.
Жителпт на Охрид се товари за кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
– На 11 јуни, спротивно прописите со кои во одредени делови од деноноќието беше забрането движење на населението како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, обвинетиот бил затекнат како без дозвола се движи на улицата „Коста Абрашевиќ“ во Скопје, информираат од ЈО.
Јавниот обвинител предложил на обвинетиот да му биде одредена парична казна од 100 дневни глоби со поединечен износ на една дневна глоба од 20 евра (2000 евра) во денарска противвредност.
Ново на Сител
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина