Казнета двојка со 400 евра, бидејќи се бакнувале на улица без маски
Една двојка во Милано е казнета со 400 евра бидејќи се бакнувале на улица, претходно вадејќи ги заштитните маски, со што ги прекршиле рестриктивните мерки воведени во Италија поради пандемијата на Ковид-19.
Откако се бакнале на улица тие продолжиле кон еден ресторан, по што одеднаш ги опколила полиција. Мажот, кој е италијански државјанин, и жената, која е полска државјанка, се верени две и пол години. Тие се обиделе тоа да и го докажат на полицијата, но морале да ја платат казната бидејќи во документите имале различни адреси на живеење.
Утврдувајќи го нивниот идентитет, полицијата ги казнила со 400 евра, бидејќи не ги почитувале обврзните мерки за носење маски и држење растојание од еден метар.
Тие и покажале на полицијата фотографии, видео снимки и преписки со кои потврдуваат дека се во долгогодишна љубовна врска, објаснувајќи дека во моментот биле сами на улицата, но тоа не им помогнало да се спасат од казната, бидејќи според законот мораат да бидат пријавени на иста адреса на живеење.
Ново на Сител
-

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
