Македонија
1. September 2019 - 11:19

Казнети 46 моторџии ноќеска во Скопје

Санкционирани се 46 моторџии и изречени се им мандатни казни во акциската контрола што ја спроведе Одделението за безбедност на патниот сообраќај синоќа од 20 часот до еден часот по полноќ на подрачјето на Скопје.

- Во акциската контрола се откриени и 26 останати прекршоци за кои се издадени 14 мандатни платни налози и 12 прекршочни платни налози, соопшти Министерството за внатрешни работи.