Македонија
13. September 2015 - 13:37

Казнети кафулиња во Центар поради гласна музика

Поради чести поплаки на граѓани за гласна музика од кафулињата во близина на нивните живеалишта, Општина  Центар ги повика да помогнат во решавањето на проблемот со тоа што ќе пријават за да може инспекциските служби брзо да реагираат и да преземат соодветни мерки.

- Како резултат на пријавувањата на граѓаните, минатиот викенд во три објекти е извршена контрола и е констатирано надминување на максималното дозволено ниво на бучава. На кафулињата „Чао“, „Нола“ и „Ван Гог“ им се изречени казни и општината апелира до сопствениците да се придржуваат до пропишаните правила и да не надминуваат гласност од 45 децибели. Доколку кафулињата не ги платат казните против нив ќе се поднесат прекршочни пријави, информира Општина Центар.