Казни за 279 возачи во Скопје, 50 за брзо возење
– На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во засилени акциски контроли во сообраќајот изречени се вкупно 279 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, 42 мерки за возење под дејство на алкохол, 21 санкција за возење без возачка дозвола, девет мерки за прекршоци што ги прават пешаците.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, изречени се шест мерки за нерегистрирани возила, девет санкции за возач почетник, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Исчезната 71 годишна велешанка
-
Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија, одбиена жалбата на СДСМ
-
Во Грција едно од двете седишта на европската програма за безбедни сателитска телекомуникации GOVSATCOM
-
Против лицата кои го малтретираа кучето Феликс, поднесено е обвинение
-
Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути
-
Спасовски: Единствениот одговорен во Собранието е Африм Гаши
-
Деветгодишно дете почина на Детската клиника во Скопје
-
Дизелот поскапува за две денара, цената на бензините не се менува