-->
-->
Казни за КК Гостивар и КК Пелистер
-->
Кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на Гостивар и Пелистер мина со инциденти и хаос во спортската сала Младост по што дисциплинската комисија при кошаркарската федерација ги казни двете екипи а полициујата приведе четири лица учесници во инцидентите.
На сметката на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) ќе бидат уплатени 5.000 евра, додека тренерите на двата тима, се сусупендирани како и еден кошаркар . Полошо ќе мине домашниот тим како организатор на средбатасо казна од 165.000 денари поради ударот со тврд предмет на тренерот Илиевски но и за слабата организација и за фрлање запалки, метални пари и пластични шишиња, 24.000 ќе уплати тренерот Димитриески и вкупно 45.000 денари за деветте лица кои ја напуштиле клупата за време на инцидентот, поради што сите се санкционирани со по 5.000 денари.
Полицијата приведе четири лица кои учествувале во инцидентите во салата младост.
Натпреварот заврши со победа на „Пелистер“ – 89:84.
Гостивар наредните два натпревара на домашен терен ќе ги одигра пред празни трибини. Два натпревара ќе пропушти играчот на „Пелистер“, Бобан Стаиќ. Еден натпревар суспензија добија тренерите на „Гостивар“ и на „Пелистер“, Димитриески и Илиевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата