Кенијците Роп и Матебо победници на 30. Охридски Меѓународен атлетски маратон

Кенијците Абел Кибет Роп во машка и Рут Чемисто Матебо во женска конкуренција се победници на годинашниот јубилеен 30-ти меѓународен Охридски атлетски маратон што традиционално се одржува на Денот на независноста на Република Македонија.
И покрај неповолните временски услови проследени со дожд за време на трката, Роп патеката од Свети Наум до Кејот на Охридското Езеро во Охрид долга 30 километри ја истрча за 1:34:58 часа, поставувајќи нов рекорд на патеката што 23 години го држеше српскиот атлетичар Борислав Девиќ.
Втор низ целта мина Вилсон Вамбугу Камау, исто така од Кенија (1:41:49), додека третопласиран денеска беше Унгарецот Тамаш Наѓ (1:43:28).
Најдобропласиран меѓу македонските маратонци е Игор Јакимоски од АРМ, кој патеката ја истрча за 2:01:28 часа.
Најуспешна во женска конкуренција е Кенијката Рут Чемисто Матебо, која патеката ја истрча за време 2:06:08 часа. Таа не успеа да го собори рекордот на нејзината сонародничка Ребека Џепширшир Корир (1:48:12) постигнат на ланското маратонски издание.
Победникот на маратонот во Охрид 28-годишниот Роп после трката изјави дека не било лесно да се трча во услови на дожд и со ветар во гради, но сепак било полесно отколку минатата година кога времето беше мошне топло и исцрпувачко за маратонците.
- Последните десет километри беа малку потешки за трчање, но сепак видов дека темпото е брзо, така што се обидов и еве успеав да го соборам рекордот на патеката, рече Роп кој минатата седмица го освои второто место на маратонот во Минск, Белорусија. Негова следна дестинација е маратонот што ќе се трча во Будимпешта.
Покрај благодарници и медали, за најдобрите атлетичари обезбедени се и парични награди и тоа 800 евра за победникот плус сто евра за поставување нов рекорд на патеката, 400 за второпласираниот, како и 200 евра за третопласираниот маратонец. Во женска конкуренција наградите изнесуваат 500, 250 и 100 евра соодветно. Симболични парични награди ќе добијат и најдобрите македонски маратонци.
Атлетскиот маратон во Охрид се одржува од 1976 година, а се до 1993 година се организираше на 7 ноември – Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна. Од 2004 година наваму маратонот добива меѓународен предзнак, и со исклучок на 2011 година, се одржува секоја година на 8 септември по повод Денот на осамостојувањето на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Гренланд ја отфрли идејата на Трамп за испраќање медицински брод
-

ЕУ не ги прифаќа новите царини на Трамп, бара од Вашингтон да го почитува трговскиот договор
-

Како со децата со атипичен развој | Огњен Самарџиќ и Добрина Костовска | Sitel Podcast 139
-

Кривична пријава против четири лица за измами со лажни сообраќајки тешки 3,7 милиони денари
-

Стружанка почина откако во неа удрило товарно возило
-

Виткоф: Преговорите за мировниот план за Украина би можеле да се одржат во рок од три недели
-

Возел со 203 километри на час наместо максимално дозволени 120, лишен од слобода возач на автопатот Неготино - Стоби
-

Германија планира да ја забрза интеграцијата на барателите на азил на пазарот на трудот
