Кери: Бегалската криза во Европа е „глобален предизвик“

САД ја смета за егзодус бегалската криза од Блискиот исток во Европа, изјави американскиот државен секретар Џон Кери и оценува дека кризата претставува „глобален предизвик“.
- Тоа не е проблем на некој друг. Тоа е тест за сите нас, истакна Кери во Вашингтон на заедничката прес-конференција со германскиот министер за надворешни работи Франк Волтер Штајнмаер, пренесува Танјуг.
САД смета дека бегалската криза е глобален проблем, објасни Кери, наведувајќи дека „ударот прво го почувствувале Јордан, Либан и Турција.
- Тие понесоа неверојатен товар од војната која трае повеќе од четири години, рече Кери.
Кери нагласи дека приоритет е ангажманот за изнаоѓање политичко решение во Сирија со цел да се стави крај војната во Сирија и да се прекине приливот на бегалци.
Ново на Сител
-

Инфантино за паузите за вода: Тие не генерираат дополнителни приходи за ФИФА
-

САД со нови санкции за Куба
-

Средба Трамп – Руте во Белата куќа
-

СП 2026: Модриќ го одигра својот 200. натпревар за Хрватска
-

Тошковски: Интерпелацијата е евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот и корупцијата
-

Во Битола 26 литри дожд на метар квадратен
-

Почнуваат 65-тите Струшки вечери на поезијата
-

Средба на Минчев со српската министерка за јавна администрација Пауновиќ
