Свет
25. March 2016 - 13:44

Кери: Соработката со Русија клучна за спречување на тероризмот

Американскиот државен секретар Џон Кери смета дека најдобар начин за спречување во иднина на терористичките напади, како неодамнешните во Брисел, е Русија и САД да се најдат на истата страна по прашање за Сирија, како и да се стави крај на конфликтот во таа земја. 

Тој во интервју за ТАСС истана дека Русија и САД би требало да покажат подготвеност за дијалог и соработка со цел да пронајдат заеднички јазик.

Кери истакна дека борбата против насилниот екстремизам е приоритет во плановите за соработка меѓу Русија и САД. 

- Имаме широка програма со Русија, на врвот на плановите очигледно се Сирија, Украина, борбата против насилниот тероризам и нашите напори заедно да соработуваме, со цел да бидеме во можност да напредуваме во постигнувањето мир и стабилност ширум Блискиот Исток, но и на други места, рече Кери. 

Тој исто така нагласи дека е неопходна целосна примена на спогодбата од Минск заради мирот и стабилноста во Украина.