Кeси сака да го исполни договорот со Милан
Играчот од средниот ред на Милан, Франк Кеси објави дека сака да остане во тимот барем до крајот на неговиот договор.
Африканецот се надева дека тимот ќе продолжи со добрите игри што ги покажа во последно време.
– Новинарите зборуваат дека може да заминам, но ниту јас ниту клубот го посакувавме тоа. Ќе останам до крајот на мојот договор, среќен сум тука. Во почетокот за мене беше малку тешко со Стефано Пиоли, но сега нашата врска е позитивна.Тој ми објасни што морав да направам на теренот, делумно затоа што Џенаро Гатузо имаше други барања за мене. Ми требаше некое време да сфатам што сака тренерот од мене Јас пораснав многу и поминав многу време овде. Нормално е да станам сериозен играч и морам да дадам пример. Сакаме да го вратиме Милан во Лигата на шампионите лига, на највисоко ниво. Заслужува да биде таму Милан. Целиот тим го сака тоа. Сега треба да продолжиме вака и да го пренесеме овој позитивен период до следната сезона, изјави Кеси за „Скај Спорт Италија“.
Ново на Сител
-

Администрацијата на Трамп воведува ново правило за аплицирање за „Зелена карта“
-

Реал Мадрид втор финалист во Евролигата
-

Муцунски: Во Западен Балкан сè уште постојат безбедносни ризици, регионот и понатаму треба да биде во фокусот на НАТО
-

Сиљановска Давкова: Треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите
-

Најниска температура изутринава на Попова Шапка, највисока во Гевгелија
-

Студентите во блокада во Србија организираат протест во Белград
-

Универзитетот Оксфорд развива вакцина против ебола за справување со епидемијата
-

Предложен притвор за косовски државјанин за тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница
