Кичевското муфтиство започна постапка за дезинфекција на верските објекти
Кичевското муфтиство презема конкретни чекори за заштита од коронавирусот. Најпрво ги дезинфекцираа канцелариите на Муфтиството во Кичево, а потоа испратија информација и апел до сите џамии кои се под негова ингеренција да ги дезинфицираат објектите и редовно да ја одржуваат хигиената.
Денеска се изврши дезинфекција на објектот на Муфтиството во Кичево, исто така и неколку џамии извршија ваква соодветна дезинфекција на нивните простории, соопшти Муфтиството.
-Муфтиството во Кичево апелира и упатува повик до сите џамии во овој регион редовно да се одржува хигиената и според можностите да се направи соодветна дезинфекција, ако се уште не е направена. Молиме Аллах да не заштити од секое лошо и да ја надминеме ова ситуација без проблем и со лесно, се вели во апелот од Муфтиството.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори