Киев: Ќе ги гаѓаме местата во Русија од кои се лансираат иранските проектили
Јуриј Ихнат, портпарол на украинските воздухопловни сили, на конференција во Киев изјави дека Украина би можела да ги гаѓа иранските проектили на нивните локации за лансирање, кои се наоѓаат длабоко во Русија.
– Тие мора некако да се уништат, веројатно од местото каде што се лансирани, затоа што немаме ефективни средства за борба против балистичките проектили, освен нивното физичко уништување во фазата на лансирање, посочува портпаролот.
Ихнат рече дека иранските проектили имаат „дострел од 300 до 700 километри, што во принцип нема да биде ништо ново за Украина, бидејќи Искандерите од руско производство се користат уште од првиот ден на војната“.
– Мислам дека и врвот на армијата и нашите партнери работат на ова прашање, барајќи ефективни начини да се спротивстават на овие нови закани, потенцираше Ихнат.
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата