Километарски колони и доцнења на граничниот премин Евзони/ Богородица за влез во Грција

Километарски колони, десетици туристички автобуси, доцнења и чекања со часови за влез во Грција е ситуацијата претпладнево на граничниот премин Евзони/ Богородица, според медиумите од Солун, кои пишуваат дека туристите се соочуваат со непријатности и задржувања поради биометриските контроли, јави дописничката на МИА од Атина.
Утрово, според медиумите, чекањето за патничките автомобили било околу два часа, а за туристичките автобуси дури и повеќе од пет часа, предизвикувајќи „големи непријатности и исцрпеност кај возачите и патниците кои се обидуваат да ја преминат границата кон Грција“.
- Сликата јасно ја прикажува состојбата. Бесконечни колони возила, возачи кои излегуваат од автомобилите, барајќи сенка и свежина, семејства со мали деца кои трпеливо чекаат под жешкото сонце и десетици автобуси, што со часови стојат неподвижни. И покрај интензивните непријатности, климата засега останува мирна и не се забележани посериозни тензии. Сепак, огорченоста е видлива. Многу патници го изразуваат своето разочарување од сликата што ја затекнуваат на влезот во земјата, а некои дури карактеристично велат дека „нема повторно да дојдат во Грција“, сметајќи дека е неприфатливо нивниот одмор да започне со повеќечасовно чекање на граница, пишува солунскиот информативен портал „Тес“.
Поради големото доцнење, долгото чекање и големиот број автобуси, како што пишува радиото Солун на нивниот сајт, била дадена наредба да се спроведе стариот систем за проверка за патниците од туристичките автобуси, со цел да се нормализира ситуацијата.
Солунскиот портал „Вориа“ коментира дека „доцнењата директно се поврзани со имплементацијата на новиот систем за влез и излез на ЕУ (ЕЕС) што предвидува електронска и биометриска регистрација на државјани на трети земји“.
Во четвртокот, заменик-министерот за внатрешни работи на Грција надлежен областите Македонија и Тракија Константинос Гулекас одржа состанок за ситуацијата на граничните премини Кипи и Евзони по имплементирањето на ЕЕС системот на кој биле разгледани мерки за олеснување на протокот на патници и возила.
Акцент бил ставен на можноста за дополнително зајакнување на информатичките системи за побрзо спроведување на контролите, како и евентуална изградба на привремени технички решенија за олеснување на протокот на патници и возила.
Министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис исто така во четвртокот, од Халкидики посочи мора да ја имплементираат европската легислатива, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена и нагласи дека за ЕЕС системот „добил поплаки од неговите колеги од Северна Македонија и Србија“.
Објасни дека прашањето со биометриската регистрација на границите има два аспекти, едниот е самиот процес, а другиот, застарената грчка инфраструктура.
МИА
Ново на Сител
-

МВР: Во мај година пријавени 70,5 отсто повеќе кривични дела поврзани со семејно насилство и зголемување од 71,3 отсто во однос на мај лани
-

Воведен AI ChatBot за поддршка при користење на електронскиот дневник
-

Макрон: Писмото на Зеленски до Путин е добра иницијатива за обновување на дијалогот
-

Тошковски: Граничниот премин Маркова Нога значаен за двете пријателски држави и стратешки проект за регионот
-

Четири лица осомничени за кражба на маси и столови од угостителски објект во Куманово
-

СВР Штип апелира до граѓаните да не бидат мета на измами за лажни операции на нивни блиски
-

Кривична за лице од Пласница поради оштетување прозорец на еден од вагоните на возот „Ќиро“, кој е историски предмет
-

Кривична за професор од средно училиште во Кичево, физички нападнал малолетна ученичка
