Ким Џонг-ун: Армијата да биде подготвена за војна
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, за време на инспекцијата на голема воена база на западот на земјата, нареди воведување на највисоко ниво на борбена готовност на севернокорејските трупи и побара од армијата да биде подготвена за војна, објави државната новинска агенција, објави КЦНА.
Обиколката на Ким во воената база, чија локација не е откриена, дојде веднаш по почетокот на редовните годишни заеднички воени вежби меѓу американските и јужнокорејските сили.
Во овогодинешните заеднички американско-јужнокорејски воени маневри, кои започнаа во понеделникот во јужна Јужна Кореја, вклучени се двојно повеќе сили во споредба со минатогодишните вежби.
Ким рече дека севернокорејската војска мора „динамично да спроведе нови, засилени воени подготовки во согласност со барањата на сегашната ситуација“, пренесе КЦНА.
– Нашата војска треба постојано да ги интензивира вежбите за симулирање војна и брзо да ги надградува своите борбени способности до совршена подготвеност за вистинска војна, истакна Ким.
Ново на Сител
-
Канадскиот премиер Трудо најави контрацарини од 25 отсто на американските стоки
-
Маркетите со речиси преполовен промет по бојкотот, Владата за утре најавува детали од инспекциите
-
Блокадата на „Мостот Слобода“ во Нови Сад траеше цела ноќ, студентите спиеја на улица
-
Сенката на можна трговска војна се надвиснува над односите ЕУ-САД
-
Утре без струја делови од Зелениково, Кисела Вода и Сарај
-
Магла утринава на неколку патни правци
-
Променливо облачно, претпладне со магла по котлините
-
Тројца мaлолетници нападнале син на државјанин на Белорусија