Ким Џонг-Ун пристигна во Русија на средба со Путин

„Имаше индикации дека приватниот оклопен воз на Ким ја преминал границата со Русија утрово“соопшти Министерството за одбрана во Сеул.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека средбата на Путин со Ким ќе се одржи на Далечниот Исток на Русија, објавија руските медиуми. Песков рече дека ќе има средби меѓу двете делегации и разговори во четири очи пред официјалната вечера.
Севернокорејските државни медиуми претходно потврдија дека Ким тргнал за Русија од Пјонгјанг со оклопен воз во неделата попладне.
Кремљ вчера ја потврди планираната средба меѓу Ким и Путин во рускиот град Владивосток на руското крајбрежје на Тихиот Океан.
„Ким ќе престојува во официјална посета на Русија во наредните денови и ќе се сретне со Путин на покана на рускиот лидер“ соопшти Кремљ на својата официјална веб-страница.
„Њујорк тајмс“ објави дека Ким планира да преговара со Путин за снабдување со оружје. Ким многу ретко ја напушта Северна Кореја, а кога ја напушта, патува со оклопен воз.
Според извештајот на „Њујорк Тајмс“, посетата треба да се случи на маргините на економскиот форум во Владивосток, на источниот брег на Русија, закажан за 10-13 септември.
По потврдувањето на состанокот, американскиот Стејт департмент соопшти дека Вашингтон го задржува правото да воведе дополнителни санкции за Русија и Северна Кореја со оглед на планираните разговори за испорака на оружје.
„Секое пренесување на оружје од Северна Кореја во Русија би било кршење на повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН. Фактот дека Русија мора да ја моли Северна Кореја за воена поддршка зборува за ефективноста на нашите санкции и нашите контроли на извозот, дека им е ускратено оружјето што им е потребно и суровините што им се потребни за да ја одржат оваа војна“ изјави вчера портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
Ким беше само еднаш во Русија, кога го посети Владивосток во април 2019 година – исто така со својот оклопен воз. Тогаш разговорите со Путин беа фокусирани на севернокорејската нуклеарна програма и зајакнувањето на економската соработка.
Ново на Сител
-

НАСА: Срушен е рекордот - човек отпатува најдалеку од Земјата досега
-

Трамп: Иран може да биде уништен преку ноќ
-

Кривична за Струшкиот градоначалник, именувал директор без соодветно образование и непознавање на англиски јазик
-

Воз му ја прегазил ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија
-

МП: Протестот е темелно демократско право, но загрижува улогата на одредена опозициска партија и обидот за манипулација
-

Кривична за поранешниот градоначалник на Кичево, Дехари - го оштетил буџетот за 1,6 милиони евра
-

24-годишник со „ауди“ возел со 212 км на час на автопатот Скопје-Штип
-

Владата работи со сите стекхолдери за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски
