Ким Џонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за време на неговиот престој на воениот универзитет именуван по неговиот татко изјави дека поради нестабилната геополитичка ситуација околу земјата, време е таа да биде подготвена за војна повеќе од кога било досега, јави државната новинска агенција КЦНА.
Во последните неколку години, под Ким Џонг-ун, Северна Кореја го подигна нивото на вооруженост и воспостави блиски воени и политички врски со Русија.
Наводно и помага на најголемата земја во светот во војната против Украина, а за возврат добива помош од Русија во стратешки воени проекти.
„Ако непријателот одлучи да се вклучи во воен конфликт со Северна Кореја, таа нема да се двоуми да му зададе смртоносен удар со сите средства, ја цитираше КЦНА изјавата на Ким Џонг-ун во разговор со студенти и професори на воениот универзитет „Ким Џонг-ил“.
Тој неодамна го надгледуваше лансирањето на нова хиперсонична балистичка ракета со среден дострел„Нагласувајќи ја сложената меѓународна ситуација, односно неизвесната и нестабилна воена и политичка ситуација околу Северна Кореја, Ким Џонг-ун рече дека сега е време земјата да биде целосно подготвена за војна, повеќе од кога било досега“, пренесува државната агенција.
Северна Кореја ја обвинува соседна Јужна Кореја, како и Соединетите Американски Држави, за провоцирање и кревање воени тензии, имајќи предвид дека двете земји во последните месеци спроведоа неколку заеднички воени вежби со висок интензитет.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК
-

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК
-

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ
-

Кривична пријава против правно и физичко лице од Радовиш, нелегално заработиле скоро 1,5 милиони денари
-

Приведени 11 лица во текот на изминатото деноноќие затоа што кај нив е пронајдена дрога
-

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило, шест возеле без возачка дозвола
-

Приведени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

Галузин: Европа засега нема разумни предлози за решавање на украинскиот конфликт
