Ким: Северна Кореја сака да стане воено моќна колку САД
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун порача дека целта на Севрена Кореја е да постигне воена моќ, која ќе биде еднаква на она на САД, јавија денеска медиумите во Пконгјанг.
- Наша крајна цел е да воспоставиме еднаквост на реалните сили со САД и да дојдеме во ситуација во која американските лидери нема да се осмелуваат да зборуваат за воена интервенција против Северна Кореја, порача Ким.
Тој додаде и дека Северна Кореја ќе продолжи со развојот на својата нуклеарна програма и покрај новите меѓународни санкции и дека на крајот земјата ќе формира свои нуклеарни сили кои „ќе бидат способни за атомски контранапад, со кој САД не ќе можат се справат“.
Ваквите „цели“, Ким ги најави само еден ден откако Северна Кореја лансираше ракета со среден дострел од типот „Хвасонг-2“, која ја надлета територијата на Јапонија и се урна во водите на Тихиот Океан.
Ким изрази „огромно задивоство“ од овој ракетен тест, кој според него послужил за проверка на воената ефикасност и на стабилноста на ракетата.
- Целиот свет призна дека ние постигнуваме успеси и покрај санкциите на ОН, кои траат со децении, дополни Ким.
Вчерашниот тест беше второ лансирање на севренокорејска ракета кон Јапонија за помалку од еден месец, по што САД објавија дека имаат подготвен план за воена акција против Северна Кореја, бидјеќи „трепението на дипломатијата се ближи кон крајот“.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Интервенции во минималната кошница и пресметка со објективни параметри
-
Повеќе од 4.000 осудени лица во Холандија се на слобода бидејќи нема места во затворите
-
Лани 1.700 Македонци добиле бугарски пасош
-
Пет лица застрелани во училиште во Шведска
-
Константен пад на бројот на бракови во Германија кај младата популација
-
„Дали знаете колку опожарени возила има на припадници на затворските полицајци?“, синдикатот на затворската полиција со отворено писмо до Пандов
-
Стојковски: Стигнати повеќето лекови на Онкологија, во најбрз рок уште два лека
-
ДСЗИ не констатирал недостатоци во лекувањето на четиригодишното дете што почина во Струшката болница