Ким: Северна Кореја треба да им зададе удар на тие кои и наметнуваат санкции

Ким Џонг-ун изјави дека неговата земја треба да им зададе удар на тие кои и наметнуваат санкции на Северна Кореја.
– Северна Кореја треба двојно да ги зголеми напорите за да создаде национална економија со цел да им нанесе удар на непријателските сили, кои со закрвавени очи, погрешно процениле дека санкциите би можеле (Северна Кореја) да ја фрлаат колена, истакна Ким.
Тој не ги именува „непријателските сили“ кои вовеле санкции кон Северна Кореја, што аналитичарите го протолкуваа како поцврст став кон Вашингтон од претходно.
Државните медиуми објавија дека севернокорејскиот лидер изминатиот период е посветен на економијата, а претходната недела посети четири важни економски проекти.
Ким минатата година најави „нови стратешки насоки“ кои ќе се фокусираат на напредокот и подобрување на животните услови на Севернокорејците за разлика од претходниот двоен пристап – економски развој и развој на нуклеарното оружје
Мун претходно предложи дека би можеле да се ублажат санкциите со цел да се овозможи меѓукорејски економски договор, а за возврат Северна Кореја да направи одредени отстапки на нуклеарен план. Но, се уште Вашингтон не се согласил со тоа.
Вториот американско-севернокорејски самит, што се одржа во февруари во Ханој не успеа бидејќи Пјонгјанг не се согласи на ограничување на нуклеарната програма колку што бараше Вашингтон во замена за ублажување на економските санкции.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ние како владина коалиција го усогласивме нашиот став
-

Капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река
-

Треба да се работи на збогатување на гастрономската понуда
-

Македонската наука во европската мрежа COST
-

Пожарот кај селото Бајково и понатаму активен, но под контрола
-

Претставници од иницијативата „Стоп за Усје“ на средба со министерот Мухамед Хоџа
-

Тема на денот со Билјана Ивановска, граѓанска иницијатива ,,Шанса за Центар"
-

Ослободителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски за случајот со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
