Кина донираше опрема за спасување
Донација од Кина во опрема за спасување, која вклучува четири чамци, униформи, чизми, шлемови ..., денеска беше примена во касарната „Гоце Делчев“ за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Опремата, на директорот на ДЗС Шабан Салиу, ја предаде амбасадорот на Кина во Македонија, Вен Џеншун.
- Ова денеска што се случува, претставува резултат на долгогодишната соработка која ја имаме со Амбасадата на Република Кина, во поглед на опремување на Дирекцијата. Се работи за опрема која може да се искористи во повеќе намени и тоа при дејствување на гасење на пожари, спасување во вода и на планини, големи сообраќајни несреќи итн. Примивме донација од 300 одела и тоа палта, маици, шлемови и чизми, а добивме и четири моќни чамци за спасување во вода при поголеми поплави. Чамците се со голема моќност, од кој еден е со моќност од 80 коњски сили, истакна Салиу.
Потсети дека Дирекцијата во последните години има набавено 30 противпожарни возила, осум џипови кои се со специјална опрема за гасење на пожари и поделени во подрачните единици како и три авиони „Ер Трактор“. Салиу информира дека ДЗС, преку проектот на механизмот за цивилна заштита во Италија, ги доби најмоќните пумпи што постојат во овој момент во Европа, кои исцрпуваат 40.000 литри вода во минута.
Амбасадорот Џеншун истакна дека опремата за спасување која е во вредност од 230.000 евра, нема да биде само доказ за пријателската соработка на двете земји, туку дека ќе означи нов почеток на взаемна помош.
Тој изрази сочуство до семејствата на загинатите од поплавите во Тетово, во кои животот го загубија шест лица а имаше и големи материјални штети од лизгање на планинското земјиште. Џеншун информираше дека по неговата реакција за помош од компанијата „Синохидро“ која работи на автопатот Кичево-Охрид, веднаш пристигнале техничари и опрема за да им помогнат на Тетовци.
Ново на Сител
-
Вчера казнети 807 возачи
-
Четири лица каснати од кучиња скитници, меѓу нив и малолетници
-
Вежба против несоница
-
Русин осуден на 14 години затвор за предавство во корист на Украина
-
Уапсена 36 годишна прилепчанка затекната при кражба во куќа во Прилеп
-
Некои од најлесните раси кучиња за тренирање
-
Кремљ: Путин ќе разговара со Трамп откако Виткоф ќе му ги пренесе информациите што ги доби од Москва
-
Донатела Версаче замина во пензија