Кина со предупредување до организаторите на протестите во Хонг Конг: Сите ќе бидете казнети
Централната влада на Кина денеска ги предупреди демонстрантите во Хонг Конг дека не треба да ја потценат „огромната сила на централната власт“.
„Би сакале да им ставиме до знаење на многу мала група бескрупулозни и насилни криминалци и валканите сили што стојат зад нив – оние што играат со оган ќе загинат од оган“, се вели во документот од Канцеларијата за Хонг Конг и Макао, која работи под надзор на кинескиот Кабинет, односно Државниот совет.
„На крајот, само прашање на време е кога организаторите на повеќенеделните протести ќе бидат казнети“, се посочува во документот.
Локалните медиуми коментираат дека реакцијата на Пекинг покажува дека Кина ќе заземе поцврст став кон протестите и дека нема намера да почне дијалог за барањата на демонстрантите за политички реформи.
Демонстрациите кои започнаа пред два месеци поради законот за екстрадиција, кој во меѓувреме беше суспендиран, прераснаа во барања за оставка на првиот човек на Хонг Конг, Кери Лам но и барања за поголема демократија. Протестите, кои започнаа по предлогот со кој се дозволува осомничени злосторници од Хонг Конг да бидат екстрадирани за судење во Кина, претставуваат најголем предизвик со кој се соочуваат кинеските власти од 1997 година , кога Велика Британија го предаде Хонг Конг под кинеска контрола.
Ново на Сител
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената
-
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
-
Уште пет дена кампања за претседателските и парламентарните избори
-
Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија
-
Велики четврток - почнуваат велигденските празнувања