-->
-->
Кинески град ќе ги вакцинира своите 300.000 жители за пет дена поради 16 нови случаи на зараза
-->
– Во кинеската провинција Јунан се појави ново жариште на епидемија со Ковид-19 по што властите најавија дека за пет дена ќе го вакцинираат целото население на еден град со 300.000 жители.
Државната телевизија ЦЦТВ објави снимки со луѓе кои чекаат во редови за вакцинација во градот Жулија, каде од вторникот се потврдени 16 случаи на зараза со коронавирусот.
Од вкупниот број на заразени, 12 се Кинези, а четворица се државјани на Мјанмар, со кои се граничи провинцијата Јунан. Официјален претставник на Комунистичката партија на Кина вчера изјави дека првите 159.000 дози на вакцината против Ковид-19 веќе пристигнале во градот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Инспекторите на терен – дали 140 ученици од “Ѓорѓија Пулевски” се затруени со храна?
-
Кривична пријава за поранешниот директор на струмичкиот затвор
-
Законот за нефер трговски практики почнува од утре, поевтинување се очекува за еден месец
-
Пропадна тендерот за пругата кон Бугарија, приоритет ќе биде Коридор 10
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите, бараат зголемување на цените за изминат километар
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски-Орбан и заедничка владина седница во Охрид
-
УЈП најави строги контроли на претстојните „Денови на кочанскиот ориз“