Кинески тур оператори во посета на Македонија

Тур оператори и новинари од Народна Република Кина престојуваат во земјава, кои преку петдневна инфо тура се запознаваат со туристичките можности што ги нуди Македонија. Инфо турата е во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Република Македонија во координација со економскиот промотор во Гуангдонг, НР Кина.
За време на престојот, информираат од Агенцијата, остварија 50 средби со претставници на приватниот туристички сектор од Македонија, на кои се разгледуваа можностите за соработка.
- Туристичката понуда на Скопје, Охрид, Маврово и нивното историско и културно наследство беа највпечатливи за тур операторите од НР Кина кои сметаат дека Македонија има огромен потенцијал на кинескиот пазар, и тоа најмногу со езера, култура, цркви, вински и гастро туризам, соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризам.
Делегацијата на Народна Република Кина ја сочинуваа претставници на едни од најголемите тур оператори, меѓу кои Guamg Zhi Lu, во 100-милионската провинција Гуангдонг од каде годишно испраќаат над 50.000 туристи во Европа. Присутни се и Nan Hu Guo Lu Travel Service, која има свои канцеларии во Германија и испраќа илјадници туристи во Европа на годишно ниво, Zhong Qing Lu CYTS Co.Ltd, втор најголем тур оператор што функционира на ниво на цела Кина, со 1,5 милиони туристи на годишно ниво, и голем инвеститор во областа на туризмот, Shanghai Spring International Travel Services, добитници на награда за број еден домашна туристичка агенција, кои имаат сопствена авио компанија.
На инфо турата учествуваат и China Internet Information Centre, државната новинска агенција, еден од најголемите веб сајтови каде публикациите освен на кинески, се издвојуваат уште 10 дополнителни јазици, со 24-часовно постирање на информации покривајќи над 200 земји и региони во светот, како и China Travel Magazine, еден од најтиражните магазини во Кина наменет за патувања и промоција на нови дестинации.
Седумчлената делегацијата од Народна Република Кина се сретна со амбасадорот на НР Кина во Македонија, Вен Женшун, со кого ги споделија импресиите од посетата на Македонија.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Не би имала ништо против уставни измени доколку се работи за копенхашки критериуми
-

„Нетфликс“ се откажува од натпреварот со „Парамаунт“ за преземање на „Ворнер брос“
-

Тошковски – Брунер: Партнерството со институциите на ЕУ има клучна улога во унапредувањето на националната и европската безбедност
-

АХВ: Болеста сипаници кај овци и кози потврдена во четири одгледувалишта во село Лопате
-

Поскапуваат дизел горивата
-

Украден „голф“ кој бил паркиран со клуч на бравата - возачот удрил во маркет и повредил вработена
-

Кумановец сакал да откупи крипто валути, останал без 43.750 евра
-

МЗШВ: Засилени контроли на АХВ во Липково поради појава на сипаници кај овците и козите
