-->
-->
Кинезите ќе градат нов Титаник
-->
Во Кина започна изградба на реплика на бродот „Титаник“ во природна големина, повеќе од 100 години по потонувањето на најголемиот патнички брод во тој период.
Се очекува бродот да биде завршен до крајот на 2018 година, по што ќе биде закотвен во кинеската провинција Сичуан, оддалечена стотици километри од морето.
Речиси 300 метри долгиот брод ќе го изработи компанијата „Вучанг шипбилдинг индустри“. Верната копија на бродот ќе има банкет-сала, театар, луксузни кабини и базен.
Гостите ќе можат да вечераат и ноќеваат на бродот, но нема да можат да испловат.
„Титаник“ потона во 1912 година откако удри во голема санта мраз. Во несреќата загинаа повеќе од 1.500 луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филипче: Минимална плата 27.700 денари
-
Ибраимовски: Фрлена бомба врз штабот на ПЦЕР во Тетово
-
Неевидентирани лица од други општини сакаат да добијат бесплатен кров над глава во Штип
-
Расте бројот на ученици во стручното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка