-->
-->
Кинезите со порака до САД: Нашите ракети не се закана, освен ако не се приближите...
-->

Високиот функционер од кинеското министерство за надворешни работи, Фу Конг порача дека кинеските ракети од среден домет не можат да претставуваат никаква опасност по САД, освен доколку Американците не ги доведат своите сили на кинескиот праг.
Неговиот коментар доаѓа непосредно откако се појавија шпекулации дека и Пентагон размислува да распореди такви ракети на своите територии на Пацификот, нешто што сериозно ќе ги влоши односите помеѓу Вашингтон и Пекинг.
„Нашите ракети се наоѓаат на наша територија. Тие не претставуваат закана за САД, барем не додека САД со бродови или на друг начин се приближат до нашата територија“, изјави Фу Конг за време на Саемот за вооружување кој се одржува во Москва.
Тој исто така нагласи дека американската ракетна присутност во регионот е „провокативна и дестабилизирачка“.
Како што е познато, Американците започнаа да развиваат ракети од среден домет кои што на САД и Русија им беа забранети со „ИНФ“ договорот од 1987-ма година, односно договор кој се распадна оваа година.
Американскиот министер за одбрана, Марк Еспер порача дека САД планира да постави ракети од среден домет во Азија, а неговата изјава предизвика остри реакции од Пекинг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МВР: Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило
-

Четири лица се лишени од слобода, седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Нападнат француски брод во Ормуската Теснина, има повредени
-

Рокас: Северна Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблизу до таа цел отколку што мислиме, потребен е прагматизам и обединување
-

Божиновска: Денес отвораме нова фаза за македонската енергетика, Пазарот во тековниот ден е сигурносен вентил на нашиот систем
-

Царинска управа: Лишени од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина за криумчарење на медицински препарати
-

ЈО: Побарана подготвителна постапка за четири малолетнички за насилството врз 13-годишно девојче во Ѓорче Петров
-

Мицкоски: Владата постојано работи на унапредување на електроенергетскиот систем
