КИНСИВ почна истрага за падот на спортскиот авион во Мавровското Езеро

Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) почна истрага по падот на спортски авион денеска во Мавровско Езеро.
Претседателот на КИНСИВ, Марјан Прпоски, за МИА изјави дека посадата на воздухопловот не е во животна опасност.
Прпоски вели дека денеска во 12.30 часот добиле информација оти мал спортски воздухоплов од типот Пајпер 28 слетал во Мавровско Езеро.
– Тимот на КИНСИВ веднаш излезе на терен и почна со истрага. Воздухопловот е во приватна сопственост и со американски регистарски ознаки и посадата на воздухопловот не е во животна опасност, изјави Прпоски и најави повеќе информации од истрагата во наредните денови.
Претходно од СВР Тетово информираа дека две лица се пренесени во гостиварската болница со повреди здобиени при падот спортскиот авион во водите на Мавровското Езеро.
Според портпаролот, Фатмир Реџепи, денеска во 12:35 часот во СВР Тетово – ОВР Гостивар е пријавено дека во Мавровското Езеро, во близина на браната „Белички канал“ паднал мал спортски авион.
- Според пријавеното, од авионот на копното успеале да излезат двајца косовски државјани Џ.П.(41) и Д.М.(64), кој го управувал леталото. Тие се здобиле со повреди и се пренесени во Медицински центар Гостивар за укажување помош, изјави портпаролот Фатмир Реџепи.
Полициски службеници од Полициското одделение Маврово веднаш излегле на местото и во разговор со нив Д.М. изјавил дека поради проблем со моторот слетал во езерото, близу до браната.
МИА
Ново на Сител
-

Служба за Брза помош од внатрешноста без основни лекови - Двајца директори на клиники незаконски си зголемиле плати
-

СДСМ: Дали власта внесува сомнителен капитал во Македонија?
-

Реакции по предлогот полициски инспектор да стане член на Судски совет
-

На пола милион граѓани во Македонија годинава им бил побаран поткуп, а 448 илјади дале мито
-

Во голема акција разбиена група која организирала нелегално коцкање во Скопје - Осомничени 8 лица
-

ДДВ-то од 18% за малите пратки од Тему и Али Експрес е вклучено во цената која ја плаќаат граѓаните
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Банкарот на Вучиќ станал банкар на Мицкоски
