-->
-->
Кирил Лазаров:Треба да веруваме во себе
-->
Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија Кирил Лазаров е со најдолг претстој во репрезентативниот состав и со најмногу одиграни натпревари против Чешка. Ова ќе биде уште еден од оние тешки дуели на гостувањата за „црвено-жолтите“.
- Свесни сме дека пред нас е тежок натпревар, знам дека ќе се обидат да тргнат фуриозно со сите сили од самиот почеток, да слават што поубедливо. Ако тргнат така, ние ќе треба да го искористиме тоа и со смирена игра да ги користиме грешките во нивните редови. Чесите се фаворити, бидејќи тие на домашен терен победувале и поголеми репрезентации од нашата. Во Исланд одиграа екстра-квалитетно, но загубија, сега сигурно ќе сакаат да ги прокнижат првите бодови. Ние не треба премногу да се оптоваруваме, треба да веруваме во себе, тоа ќе бидат 60 долги минути на гостински терен пред полна сала, но треба да останеме позитивни, да одиграме најдобро што знаеме и да сториме се за добар резултат, изјави Лазаров.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?