-->
-->
Китаровиќ и натаму е најпопуларен политичар во Хрватска
-->
Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и натаму е најпопуларен политичар во земјата, покажуваат резултатите од последната анкета на „Кробарометар” на агенцијата Ипсос, што ја објави хрватската телевизија Нова.
Позитивен впечаток за неа имаат 52 отсто на испитаниците, а за 40 отсто е негативен.
Грабар Китаровиќ, меѓутоа, во споредба со претходните истражувања изгубила 15 отсто од подршката кога станува збор за популарноста, наведува порталот Индекс.
Втор по популарност во земјата е поранешниот претседател на хрватскиот Парламент и лидер на партијата Мост, Божо Петров, чија работа ја поддржуваат 38 отсто од анкетираните, додека на трета позиција е градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, исто така, со 38 отсто поддршка, но со поголем процент на луѓе кои сметаат дека не работи добро.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло