Ќамил Дураковиќ побара повторно пребројување на гласовите во Сребреница
Досегашниот градоначалник на Сребреница, Ќамил Дураковиќ, до Централната изборна комисија во Босна и Херцеговина поднесе барање за повторно пребројување на гласовите во општината, пренесе Танјуг.
Дураковиќ, кој загуби на локалните избори во Сребреница, побара повторно пребројување (рикаунтинг) на гласовите во сите избирачки места во Сребреница, како и на гласовите пристигнати по пошта.
Денеска завршува рокот за поднесување жалби и барања за повторно пребројување на гласовите за локалните избори од 2 октомври.
Претходно неделава Изборната комисија и официјално ја потврди победата на босанскиот Србин, Младен Груичиќ, на изборите за градоначалник на Сребреница.
Според официјалните резултати, Младен Груичиќ освоил 54,4 проценти од гласовите на изборите, а досегашен градоначалник Ќамил Дураковиќ - 45,5 проценти.
Лидерот на најголемата партија на босанските муслимани, Партијата за демократска акција, Бакир Изетбеговиќ, претходно изјави дека ќе побара повторување на локалните избори во Сребреница заради необјаснетото мешање на полицијата на Република Српска при броењето на гласовите, и во Столац, каде гласањето беше прекинато заради насилство.
Дукаковиќ пред неколку дена на прес конференција изјави дека ЦИК не признала 2.000 гласачки ливчиња и смета дека на тој начин било одземено правото на избирачите да донесат одлука.
Тој го обвини претседателот на Република Српска и лидер на Сојузот на независни социјалдемократи, Милорад Додик, дека е одговорен за испрќањето на полицијата во зградата на општината за време на броењето на гласовите.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Вања е киднапирана и убиена, тврдел таткото
-
Голема полициска акција во струмичко
-
Владата не поддржува пандан на МАНУ, Вреди не доби поддршка ниту од опозицијата
-
По Берлин Мицкоски поголем оптимист за ЕУ интеграцијата, има дилема дали да испраќа писмо во Брисел
-
ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ 27,2% - СДСМ 9,6%
-
ДКСК бара комплетно нов или ревидирање на постојниот Изборен законик
-
Филков: Пензија на 67 години за судиите и обвинителите за поефикасно судство