Ќе има ли дожд - Еве какво време не очекува овој викенд

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, претежно во западните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 26 до 32 степени.
Во Скопје претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот е можна појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 30 степени.
УВ-индексот ќе има вредност 6.
И во недела ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, претежно во западните и југоисточните делови. Позначителна промена на времето ќе има во понеделник кога ќе преовладува облачно и свежо време со почести врнежи од дожд, на места пообилни, а температурата значително ќе опадне.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ ќе слави роденден на стадионот во Струмица
-

Пожарите не стивнуваат во штипско
-

Авантуристички туризам - нов прозорец кон развој
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Идната недела стартуваат разговорите за реконструкција на Владата
-

Сиљановска: Проверка на потекло на имот и сериозни реформи за поголема доверба во судството
-

Ахмети најави повлекување, аналитичарите не очекуваат брза смена
